Пејачот Дарко Лазиќ во емотивна исповед проговори за своето семејство, но призна дека жали што во еден момент се разделил од родителите.
Дарко во претходните интервјуа за медиумите потенцираше и дека жали за сообраќајната несреќа која за малку ќе го чинеше живот.
-Најмногу жалам што ја доживеав таа несреќа, требаше малку повеќе да се грижам за себе. Нанесов многу болка на моето семејство и на луѓето кои ме сакаат, можев да умрам, да не постојам повеќе. Кога би можел да го вратам времето, единственото нешто што би го променил е да се сакам и почитувам малку повеќе себеси, рече тој и додаде:
-Бев на работ на смртта. Кога човек ќе се извлече од таа ситуација, тогаш сфаќа дека Господ не им дава на сите втора шанса. Потоа се прашуваш: „Чекај малку мајсторе, уште колку, повеќе не си сам на овој свет“.
Лазиќ признава дека во еден момент бил толку понесен од славата што се оддалечил од семејството и дека во тој период никој не можел да влијае на него.
-Потекнувам од добро семејство и ги учам моите деца да бидат добри луѓе, за мене некој може да каже дека сум ваков или онаков, но никој не може да каже дека сум лоша личност. Имам мои “бубачки“, сите се занесуваат од славата, парите, општеството, ќе се трудам да не ги прават истите грешки како мене. Во тоа време немаше кој да ме поведе на вистинскиот пат, немаше кој да ми каже: „Стоп, нека не биде така“. Ме понесе популарноста, ќе кажам не знам по кој пат, се лаже секој што ќе каже дека е различно. Ме понесе нешто, морав да успеам затоа што некаде со глава поминав низ ѕид, а можев да ја загубам главата, изјави Дарко.