Познати

ВРТОГЛАВ ИЗНОС: Адел одби 200 милиони долари – Еве за што и понудија на пејачката луда сума пари, а таа не сакаше ни да слушне

ВРТОГЛАВ ИЗНОС: Адел одби 200 милиони долари – Еве за што и понудија на пејачката луда сума пари, а таа не сакаше ни да слушне

Пејачката Адел ја одби најголемата понуда во кариерата – 200 милиони долари за да ја продолжи турнејата.

Тоа беше понуда што можеше да ја однесе во Кина, каде што ќе настапуваше во казино во Макао слично на она што го имаше во Лас Вегас под името „Викенди со Адел“, дознава Алисон Бошоф за Дејли Меил.

Сепак, пејачката решила да биде доследна на својата последна изјава, а тоа е да се повлече на одредено време од јавноста за да се омажи.

На 23 ноември годинава пејачката ќе ја заврши култната програма „Викенди со Адел“ во Лас Вегас со својот 100-ти концерт. За секое појавување и плаќале по 500.000 фунти, а парите нема да ја натераат да се врати во јавноста.

– Имаше многу понуди, но таа ги одби сите бидејќи сака да биде дома со своето дете. Кинеската агентка ставила милиони долари на маса за зделката, но на крајот не сакала да го направи тоа. На прво место го стави своето дете, партнерот и себеси – рекол изворот.

Познато е дека на крајот на годината пејачката планира да се пресели во Англија, каде има луксузен стан во центарот на Лондон, за да го одгледа својот син во мир.

– Последните седум години ги потрошив градејќи нов живот за себе и сакам да го живеам сега – изјавила ѕвездата претходно.

Најнови вести од Познати

To top