Анџела Игњатовиќ позната како Бресквица ја извади песната со која планира да се престави на изборот за песна на Евровизија „Гнездото на орелот“ со што предизвика бурни реакции.
Бресквица беше мета на бројни критики, а меѓу кои беше и дека ова е „песна за геноцид“.
Покрај рекациите на поединци на социјалните мрежи, следеа и критики од нејзините колеги, а најгласна беше Јелена Карлеуша.
Имено, Карлеуша констатираше дека Бресквица сака да снима дует со Цеца, како и тоа дека таа е невојатно глупа.
Јас стварно не сакам да се расправам со никого, ниту приватно, ниту јавно. Второ, не сакам да се расправам со личности кои се постари од мене, бидејќи имам почит и домашно воспитување. Така што не би продолжувала со таа приказна. Единствената работа која можеби јавно сакам да ја искоментирам, која навистина ме повреди, е тоа што го навреди мојот менаџерски тим. Тоа се луѓе кои многу ми имаат помогнато во животот. Тие луѓе ме имаат извадено од некои лоши работи кои ми се случија. Притоа за тоа не ми побараа никаква услуга за возвар. Тоа се луѓе кои можам да им се јавам во три часот наутро и знам дека ќе направат се за да ми помогнат, вели Бресквица.
Притоа пејачката се осврна на еден сегмент од изјавата на Карлеуша:
Можеби тој мој одговор во едно мое стори на Инстаграм во кое идеше песна од Цеца „Манта, манта беше предизвикан само од тој дел од текстот. Некој од новинарите и пренел дека јас сум рекла да си ја гледа работата. Јас одговорно тврдам дека тоа во мојот живот не сум го изговорила, ниту пак би го изговорила. Бидејќи судејќи по годините, таа жена може да ми биде мајка. А јас навистина имам почит кон неа, најпрво како жена, второ како кон личност која долги години е на сцената. Семтам дека не е воопшто тешко некого да поддржиш, поготово доколку тој е помлад од тебе и се труди во тоа што го работи, вели Бресквица за српските медиуми.
View this post on Instagram