Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каи Медисон Трамп (17) бележи огромен пораст на популарноста на социјалните мрежи откако нејзиниот дедо е реизбран за претседател.
Пред победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2024 година, неговата најстара внука имаше само 63.000 претплатници на Јутјуб, а сега Каи има речиси 900.000 претплатници.
Watch on TikTok
Нејзиниот последен блог, насловен „Мојот дедо повторно стана претседател“, собра 2,9 милиони прегледи. Таа е популарна и на Тикток, каде има 2,6 милиони следбеници.
Каи почна да објавува на Јутјуб пред само три месеци, кога го отвори својот канал со видео наречено „Обичен ден во животот на Каи Трамп“. Оттогаш, таа покажува на Тикток и Јутјуб како го посетува „Старбакс“, вежба во теретана, оди на шопинг, игра голф и се подготвува за училишен танц.
Иако во првиот мандат на Трамп се знаеше дека тој има многу внуци, Каи го привлече вниманието на јавноста дури минатото лето кога зборуваше на Националната конвенција на Републиканците во Милвоки, Висконсин. Во говорот фокусиран на нивната лична врска, Каи го опиша Доналд како „само дедо“.
„Тој ни дава слатки и сок кога нашите родители не не прашуваат. Тој секогаш сака да знае како ни е на училиште“, изјавила Каи тогаш.
Таа на својот канал на Јутјуб покажа и како изгледа внатрешноста на луксузниот авион на Трамп, познат како „Трамп еир форс уан“.
Внуката на американскиот претседател беше фотографирана во авион додека патувала со нејзината пријателка Ема, нејзиниот татко Доналд Трамп Јуниор и нејзиниот дедо во Браунсвил, Тексас, за да присуствуваат на лансирањето на ракетата „Спејс икс“ со Илон Маск.
Watch on TikTok
Каи е ќерка на Доналд Трамп Јуниор и неговата прва сопруга Ванеса Трамп. Таа е родена и израсната во Њујорк, каде што го добила своето образование. Нејзините родители се развеле кога таа имала 11 години.
Каи ја споделува својата љубов кон голфот со својот дедо. Таа се натпреварува, а минатата година го освои клупскиот шампионат на теренот за голф Трамп во Вест Палм Бич, Флорида.