Драгана Мирковиќ моментално се разведува од Тони по повеќе од две децении заеднички живот, а некои од медиумите ја фотографираа на аеродромот во Виена непосредно пред патувањето во Белград.
Музичката ѕвезда се возела со автобус до аеродромот пред да влезе во авионот, а била одлично расположена, насмеана цело време.
Со себе влечела куфер и торба, а додека седела во автобус не го испуштала мобилниот телефон.
Некои од шпекулациите се дека останала без пари, но очигледно е дека тоа не е така. Сепак се чини дека Драгана се одлучила за ваков транспорт поради заштедата на време, но и од практични причини.