Познати

Вилијам и Кејт во проблеми: Хобито на најмладиот син Луис е кошмар за секој родител

Вилијам и Кејт во проблеми: Хобито на најмладиот син Луис е кошмар за секој родител

Принцот Џорџ почнал да учи да свири гитара на шест години, а на истата возраст неговиот помлад брат Луис одлучил да свири на музички инструмент. Сепак, како ново хоби го избра свирењето на тапани.

Најмладиот син на принцот и принцезата од Велс неодамна ја откри магијата на овој инструмент кој важи за кошмар за секој родител.

Идниот британски крал, принцот Вилијам на доделувањето на наградите Туск во разговор со Рони Вуд од Ролинг Стоунс и гитаристот Марк Нопфлер откри дека неговиот најмлад син учи да свири на тапани.

„Затоа сега го поминувам животот со прстите во уши“, се пошегува принцот Вилијам.

Малиот Луис уживал во настапот на групата One Republic на настанот Earthshot минатата година, по што неговиот татко им откри на членовите на бендот дека Луис е голем обожавател на нивните песни.

Освен љубовта кон тапаните, принцот Луис се интересира и за спорт. Имено, тој особено ужива во крикет и рагби.

Најнови вести од Познати

To top