Познати Еве зошто била несигурна

Викторија Бекам откри зошто никогаш не се смее на фотографиите

Викторија Бекам откри зошто никогаш не се смее на фотографиите

Викторија Бекам во едно неодамнешно интервју го коментираше нејзиниот избор да не се насмевнува на фотографиите и откри дека причината е нејзиниот комплекс поради проблеми со кожата.

Модната дизајнерка и поранешна поп-ѕвезда претходно говореше за нејзините несигурности кои произлегуваат од проблематичната кожа склона на акни. Во едно неодамнешно интервју за Телеграф, таа ги припиша нејзините строги изрази на лицето на истиот проблем, велејќи дека секогаш се срамела кога ја фотографираат бидејќи не се чувствувала доволно среќна за да се насмее.

За време на интервјуто, Бекам откри дека побарала совет од експерт за нега на кожа и дека следела строг план за исхрана за да ја одржува нејзината кожа чиста.

-На многу слики веројатно изгледав строго, но ми беше толку непријатно, вели Викторија.

Не само што нејзините јавни настапи беа погодени од нејзината несигурност, настрадаа и нејзините навики во исхраната. Викторија следи ограничен план на исхрана, а нејзиниот сопруг Дејвид Бекам претходно откри дека таа јаде ист оброк – риба на скара и зеленчук на пареа – секој ден веќе 25 години.

Објаснувајќи ја својата одлука да јаде многу специфична диета, Викторија за споменатото списание изјави: „Поради мојата кожа станав многу внимателна за тоа што јадам“.

Сепак, Викторија сега има многу поголема самодоверба и изјави дека дури и на последните јавни настани се појавувала без гламурозна шминка.

-Ако ми кажеше пред неколку години некој дека ќе одам по црвениот тепих за да прифатам награда со само  малку коректор и без подлога на лицето, ќе мислев дека е луд, но го направив тоа, изјави таа за Телеграф.

To top