Познати на бафта наградите

ВИДЕО: Тешко болниот актер се појави на бината во инвалидска количка, доби стоечки овации од колегите

На доделувањето на наградите БАФТА дојде со сопругата Трејси Полан, која блескаше во долг бел фустан.

ВИДЕО: Тешко болниот актер се појави на бината во инвалидска количка, доби стоечки овации од колегите

Познатиот актер Мајкл Џеј Фокс се качи на сцената на БАФТА наградите во Лондон, и доби овации од целата сала!

Ѕвездите како Роберт Дауни Џуниор, Рајан Гослинг, Бредли Купер и Маргот Роби станаа да го поздрават тешко болниот актер, кој повеќе од 30 години се бори со Паркинсоновата болест.

Мајкл Џеј Фокс (62) беше донесен на сцената во инвалидска количка, но потоа стана и се потпре на говорницата, а публиката го поздрави со громогласен аплауз.

Актерот, публиката го памети од серијата „Враќање во иднината“. Тој дознал дека боледува од Паркинсонова болест кога имал само 29 години, во 1991 година. Веста во јавноста ја објави дури седум години подоцна и оттогаш се бори да ја подигне свеста за болеста.

На доделувањето на наградите БАФТА дојде со сопругата Трејси Полан, која блескаше во долг бел фустан.

To top