Големата регионална ѕвезда Милица Павловиќ во Скопје на 14-ти февруари ќе одржи концерт во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
View this post on Instagram
На денешната прес-конференција со која го најави спектаклот кој ќе трае три ипол часа дојде облечена во несекојдневна, провокативна модна комбинација.
Скапи парчиња, модерно комбинирани изгледаа одлично на телото на згодната пејачка. Таа видно расположена и многу пријатна за комуникација одговори на сите новинарски прашања.
Меѓу другото, откри дека е отворена за врска, а љубовта ќе ја бара во Скопје. Како што кажа, си бара момче Македонче.
-Мммм. Имав концерти во Србија, Хрватска, Република Српска. Момчињата не ми се покажаа таму, ништо не се случи. Јас сега дојдов во Скопје да правам концерт, со убава чаша вино, со десерт, зошто да не? Блуску ми е куќата од тука, се можам да вклопам. Уште само убаво момче да најдеме тука, рече Милица.
Павловиќ ја обожува македонската музика. Посебно ги сака песните на Тоше Проески со кои вели дека пораснала. На прес-конференцијата ја испеа српската верзија од песната „Ледена“.
View this post on Instagram
Ја сака и македонската храна. Не можела да одолее на благите работи кои ги пробала кога доаѓа во Македонија.
Турнејата „ЛАВ“ продолжува во Скопје, каде што публиката ќе има уникатна можност да ужива во најголеми хитови и незаборавна енергија на божествената „секси сењорита“. Таа најави свои гости на концертот, но нивните имиња ќе останат изненадување за публиката.
Концертот ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје, во петок, 14-ти февруари 2025 година, почеток: 20:30 часот.