Филмскиот фестивал во Венеција повторно нè почести овој пат со голем број волшебни модни изданија што ги носеа познати ѕвезди, а судејќи според реакциите на јавноста, актерката Алиша Викандер носеше една од најимпресивните и најубавите комбинации.
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, како и во бројните модни медиуми, Алиша остави силен впечаток благодарение на нејзината долгогодишна стилистка Викторија Секриер, која и овој пат се покажа како добитна комбинација.
Актерката, која е амбасадорка на „Луј Витон“ од 2015 година, се појави во креација на оваа престижна модна куќа направена според нејзините мерки – темно син фустан со тесен горен дел и преголеми свилени ракави што паѓаат од рамената, давајќи ѝ на креацијата допир на елегантна сексапилност.
„Луј Витон“ работеше на оваа фантастична креација 240 часа, а Алиша ја претстави точно онака како што ја замислија – едноставна, елегантна, ненаметлива и многу впечатлива и уникатна.
Таа носеше и колекција висок накит од Луј Витон.