Германската манекенка Хајди Клум објави видео од снимањето на спот за нова песна во која е гола. Таа најави песна наречена „Red Eye“, која ја сними со американскиот диџеј Диплом.
Песната е снимена за новата сезона на шоуто „Germany’s Next Topmodel“, а ќе биде достапна на стриминг услугите од 13 февруари.
На објавеното видео таа носи само гаќички и капут. Изгледот го комплетираше со фризура со кадрици и шминка што особено ги истакнуваше нејзините очи.
View this post on Instagram
Хајди Клум се занимава со музика веќе некое време. Во 2022 година ја издаде песната „Chai Tea With Heidi“ со Снуп Дог, а во 2024 година соработуваше со Тиесто на синглот „Sunglasses At Night“.
-Сакам многу различни работи освен манекенството или учеството во „Америка има талент“. Сакам да сликам. Цел живот сакам да дизајнирам или да смислувам луди идеи за костими за Ноќта на вештерките. Отсекогаш сум сакала да бидам креативна личност, а за мене музиката отсекогаш била дел од тоа, изјави таа претходно за списанието „Билборд“.
Минатата година, таа разговараше со „Пипл“ за тоа како не гледа ништо лошо во позирањето гола.
„Луѓето секогаш велат: „Веројатно си станала посамоуверена со возраста“. Немам проблем да се шетам во долна облека. Не се кријам во ќош. Се фотографирам гола или во долна облека од 1992 година, долго пред Инстаграм, така што тоа не е ништо ново за мене“, рече таа.