Лионел Меси се појавува во реклама за продолжението на култниот филм „Bad Boys“ со Вил Смит и Мартин Лоренс. Иако неговото појавување трае само неколку секунди, напаѓачот на Интер Мајами ќе остане запаметен по тоа што изговорил два збора на англиски јазик.
Многу фанови за првпат го слушнаа легендарниот фудбалер како зборува на англиски јазик. Имено, во трејлерот за четвртото продолжение на „Bad Boys“, чија премиера во кината е закажана за 7-ми јуни, Смит и Лоренс прво ги посетува американскиот кошаркар Џими Батлер, кој сака да стане опасен исто како нив.
Сепак, тие по обуката сфаќаат дека Батлер не е добар избор и не го прифаќаат во својот тим. Набргу потоа, Меси ѕвони на нивната врата изговарајќи ги зборовите „лоши момци“, а Смит и Лоренс, незадоволни од неговиот глас, му кажуваат дека е на погрешна адреса.
„Дали ова е вистинскиот глас на Меси?“, „Меси знае англиски?“, „Ова е првпат во мојот живот да го слушнам Меси како зборува англиски“, „Ова е урнебесно“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
This is the first time in my life I’ve heard Messi speak English 😭
pic.twitter.com/UjP1WCjkqs— Mod (@CFCMod_) May 28, 2024
Messi speaks ENGLISH??? 🤯 pic.twitter.com/FAsFASH9iF
— JBT (@UtdJBT) May 28, 2024