Актерката Џенифер Анистон постави рекорд, барем кога се во прашање досега нераскажаните работи кои се случувале во животот на актерите.
Имено, во емисијата на Џими Кимел, ѕвездата на „Пријатели“ беше замолена да зборува за некои од најшокантните гласини за неа – вклучувајќи ја и гласината дека имала тајна романса со Барак Обама.
„Не бев лута поради тоа“, рече таа за наводите на таблоидот, а потоа додаде дека приказната е недвосмислено лажна.
-Ја познавам Мишел Обама подобро од што го познавам него, рече актерката.
Сепак, не се сите гласини погрешни. Актерката ги потврди гласините дека еднаш си вбризгала сперма од лосос во лицето, дека често патува со тегла маслинки и дека чува урна со пепелта на нејзиниот мртов терапевт.