Најстариот син на Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, веќе неколку години ги забавува фановите со своите видеа за готвење.
Веќе неколку години јавноста ги следи кулинарските авантури на младиот Бруклин Бекам, синот на познатиот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам.
Младиот Бекам започна и свое шоу „Cookin’ With Brooklyn“, во кое камерите го следат додека ги учи основните техники на готвење и подготвувањето интересни јадења од познати, почитувани готвачи, а потоа ги подготвува за пријателите и семејството.
View this post on Instagram
Последното јадење што го подготви е сочен омлет. За време на подготовката на омлетот, Бекам објасни зошто користи путер, а не масло при подготовката на омлетот, кога е потребно да се посоли омлетот и други трикови.
На крајот омлетот го посипал со сечкан свеж власец и кавијар „империја“ кој чини околу 500 евра. Тој им се обрати и на хејтерите кои постојано го критикуваат неговиот начин на готвење.
– Па, јас не сум професионален готвач, само сакам да готвам – рекол младиот Бекам.