Балканската музичка ѕвезда, Саша Ковачевиќ ја запроси Зорана, жената со која веќе подолго време е во врска.
Саша Ковачевиќ конечно ќе се жени. Тој клекна на колено пред саканата Зорана и ѝ подари свршенички прстен, а видеото од интимниот момент го сподели на Инстаграм.
Во видеото се гледа моментот на запросување, кога од задниот џеб на панталоните вади кутија со прстен, реакцијата на Зорана, но и неколку нивни заеднички фотки од изминатите години, а на нив е и ќерката на Зорана од првиот брак, Искра.
Изминатите години новинарите не пропуштаа да го прашаат Саша кога ќе се жени, а тој најчесто одговараше дека не брза и дека со Зорана и Искра се семејство.
Moje si danas, moje si sutra! Напиша тој на обајвата.
View this post on Instagram