Познати На денешен ден

Вечна му слава на Ѓорѓи Колозов: 22 години од смртта на царот од македонските народни приказни

Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.

Вечна му слава на Ѓорѓи Колозов: 22 години од смртта на царот од македонските народни приказни

На денешен ден, во 2003-та година во Скопје, починал Ѓорѓи Колозов, еден од најпознатите актери во Македонија.

Дипломирал на тогашната Академија за драмска уметност, на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година.

По дипломирањето, тој е во постојан работен однос во Македонскиот народен театар. Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирките народни приказни издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓија Пулевски и други.

Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.

При Драмата на Македонскиот народен театар остварил позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други. Настапил во повеќе играни филмови, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други.

To top