Теодора Џехверовиќ, една од најпознатите пејачки од помладата генерација, често со својот изглед го привлекува вниманието на јавноста кон себе.
Таа сега реши да покаже како изгледа во природно издание.
-Јас без килограм пудра, шишките на Милан (фризерот), 400 грама коса и без костимот на Power Ranger, напишала пејачката.
На сликата можеме да видиме дека Теа има многу чисто и сјајно лице, како и свеж изглед на кој би позавиделе многу дами.
Да потсетиме, Теодора неодамна по кратка пауза за прв пат позираше пред насобраните медиумски екипи, а оттогаш на социјалните мрежи се води полемика – на кои естетски зафати се одлучила бидејќи не изгледа исто како порано.