Осомничениот прогонувач кој тврди дека Шакира е „неговата сопруга“ беше уапсен пред нејзиниот дом во Мајами, откако наводно за неа испратил подароци, вклучувајќи вино, чоколади и играчки.
Даниел Џон Волтиер беше приведен во понеделникот и обвинет за прогонување и следење, според извештајот од апсењето.
Според Дејли Мејл, 56-годишникот од Тексас наводно споделил повеќе објави на социјалните мрежи за Шакира, кои нејзиниот тим за безбедност ги предал на властите на 3 јануари.
Тој се појавил пред куќата на пејачката само пет дена подоцна, со такси, во 12 часот и 45 минути, а набрзо бил уапсен. На Валтиер му беше одреден притвор и се појави на суд, каде рече дека не може да ја исполни наредбата да се држи подалеку од колумбиската пејачка.
-Таа е моја сопруга, му рекол на судијата и истакнал дека „постојано разговара со неа“.
Инаку, не е јасно дали Шакира била во куќата кога пристигнал осомничениот и брзо бил приведен.
🚨 Breaking: Shakira’s Alleged Stalker Claims to Be Her Husband in the Court@shakira ‘s alleged stalker, Daniel John Valtier, faces increased bail and harassment charges. His persistent claims of being married to the star and actions like sending gifts led to his recent arrest.… pic.twitter.com/uMJDCoFELh
— Photo News (@PhotoNewsPk) January 10, 2024