Јавност долг период зборува за односот на убавата пејачка Ивана Николиќ и Нусрет, познат готвач од Турција кој го следат милиони на социјалните мрежи, а сега таа реши да ги објасни сите детали.
Како што вели, се било случајно.
-Се сретнавме и случајно се запознавме во Турција, во неговиот ресторан. Тој беше навистина прекрасен со мене и моите пријатели кои ми правеа друштво. Немам ништо лошо да кажам за него, ми даде комплимент. Мило ми е поради тоа, не знам што особено му се допадна кај мене, можеби мојата долга коса, рече Ивана со широка насмевка на лицето, откривајќи што може да направи еден маж за да ја освои:
„Единствено ми е важно што е нормален, луѓето можеби нема да ми веруваат кога ќе го кажам тоа, но навистина е. Важно е мажот да е нормален и харизматичен, да имам за што да разговарам со него и да ми е интересен“.