Пред три години, на 67-годишна возраст почина Ѓорѓе Балашевиќ, еден од најголемите текстописци на овие простори. Беше член на групите„ Жетва“ и „Рани мраз“, а во 1982 година започна соло кариера.
Во својата скоро петдецениска кариера, Балашевиќ одржа стотици концерти во градовите низ поранешна Југославија, сними 12 албуми и остави зад себе десетици хитови, од кои многумина станаа евергрини и химни за многу генерации во регионот.
Исто така, има глумено во неколку телевизиски серии, за кои пишувал и музика.
Ѓорѓе Балашевиќ роден е на 11 мај 1953 година во Нови Сад.