Познати Причината за смртта не е објавена

Трагедија: Почина четиримесечното бебе на позната ријалити-ѕвезда

„Тука долу имаш многу луѓе на кои им недостигаш и кои неизмерно те сакаат. Твојата мама, твојот тато и твојот брат Емилио никогаш нема да те заборават и засекогаш ќе те носат во своите срца“, пишува во објавата.

Трагедија: Почина четиримесечното бебе на позната ријалити-ѕвезда

Rијалити-ѕвездата Лиса Штраубе, која стана позната по учеството во реалното шоу „Temptation Island VIP“,  сподели болна и тажна вест преку социјалните мрежи.

Почина нејзиното четиримесечно бебе.

Во емотивната објава, Лиса соопшти дека нејзиниот син Ксави ненадејно починал. Таа и нејзиниот сопруг Фуркан Акаја, како и нивниот постар син Емилио, се соочуваат со огромна болка по ненадејната загуба.

„Тука долу имаш многу луѓе на кои им недостигаш и кои неизмерно те сакаат. Твојата мама, твојот тато и твојот брат Емилио никогаш нема да те заборават и засекогаш ќе те носат во своите срца“, пишува во објавата.

Причината за смртта не е објавена.

To top