Познатиот бизнисмен Тони Бијелиќ доживеал сообраќајна несреќа додека се возел со својот блиндиран „ролс ројс“ во Хрватска, во Опатија. При несречата е направена огромна материјална штета.
Тони не бил сам во автомобилот во моментот на несреќата, но за среќа никој не е тешко повреден.
Камион со дигалка пристигнал на местото на настанот за неколку минути и го однел автомобилот на Тони во Виена, додека Бијелиќ заминал со пријателите кои дошле да го земат.
Да потсетиме, Тони неодамна се разведе од пејачката Драгана Мирковиќ.