Познати

„ТОА БЕШЕ ШОК ЗА СИТЕ НАС“: Лепа Брена првпат проговори за разводот на Драгана Мирковиќ, имаше што да и порача особено на неа!

„ТОА БЕШЕ ШОК ЗА СИТЕ НАС“: Лепа Брена првпат проговори за разводот на Драгана Мирковиќ, имаше што да и порача особено на неа!

Откако Драгана Мирковиќ објави дека се разведува од Тони Бијелиќ по 24 години брак, јавноста не престана да зборува за тоа.

Имено, сите се шокирани од оваа нивна одлука со оглед на тоа што важеа за еден од најскладните брачни парови на српската јавна сцена.

Пејачката Лепа Брена, која со Драгана е пријателка со децении, сега проговори за нивната одлука да го прекинат бракот.

– Навистина не би сакала да ја коментирам таа приказна. Тоа беше шок за сите нас… Драгана Мирковиќ е моја пријателка. Ние двете почнавме да работиме со истиот човек, кој правеше големи ѕвезди и направи еден сериозен пејачки тим. Сакам да кажам дека тоа е болен момент за сите нас, за мене особено… Можам да замислам како се чувствува таа – започнала Брена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

– Би сакала да кажам една работа… Да, како нејзина пријателка, жена, мајка и сопруга, целосно разбирам во каква емотивната ситуација се наоѓа таа – продолжила фолк ѕвездата.

– Сакам само да ја испочитуваат и да не ѝ ставаат сол на раната, бидејќи таа е една од добрите луѓе, многу чесна личност, некој кој многу сериозно и професионално ја изгради својата кариера. Би сакала како човек и жена да ѝ дадам апсолутна поддршка и таа да знае дека секаде сум со неа и дека во секој момент сум на нејзина страна! – заклучила Брена за „Први ред“ на К1.

To top