Познати Најдобра одлука

Тијана Дапчевиќ не сакала да ја сними ОВАА песна, а таа е нејзиниот најголем хит (ВИДЕО)

Тој се обидел да ја убеди, но Тијана му рекла „не ми паѓа на памет“!

Тијана Дапчевиќ не сакала да ја сними ОВАА песна, а таа е нејзиниот најголем хит (ВИДЕО)

Тијана Дапчевиќ на јавната сцена е повеќе од две децении, а кариерата ја градеше исклучиво на музика, без никакви скандали.

Неколку стари песни на Тијана Дапчевиќ и денес се големи хитови, а песната „Земја на моите соништа“ (Zemlja mojih snova) и ги отвори сите врати. Тијана сега откри дека воопшто не сакала да ја снима оваа песна која и донела најголема популарност.

-Не знам дали знаете за приказната дека воопшто не сакав да ја снимам таа песна. Кога Драган Брајовиќ Браја ми ја отсвири таа песна на гитара, кога го отпеа тој текст реков: „Што е ова? Дали си нормален, јас сум пејачка, ми треба некоја монументална балада“, раскажа Тијана.

Тој се обидел да ја убеди, но Тијана му рекла „не ми паѓа на памет“!

-И, добри два месеци ме убедуваа дека треба да ја снимам. „Снимај, што, ништо не губиш, океј, ја снимив таа песна за 20 минути, раскажа таа.

Потоа ја убедиле дека треба да сними и видео спот.

-Рекоа „Оваа песна заслужува да има спот“. Добро, велам, ако имаш дополнителни пари, нема проблем, ќе го снимаме и тој спот и им благодарам за сето тоа, бидејќи да не го снимав, не знам каде би била сега, веројатно би била професорка по виолончело,  рече таа во подкаст.

To top