Познати

ТЕШКИ СЦЕНИ: Таткото на Лијам Пејн пристигна на местото на трагедијата (ВИДЕО)

ТЕШКИ СЦЕНИ: Таткото на Лијам Пејн пристигна на местото на трагедијата (ВИДЕО)

Таткото на трагично починатиот пејач Лијам Пејн, Џеф Пејн, пристигна во Буенос Аирес за да го организира транспортот на посмртните останки на неговиот син во Велика Британија.

Медиумите објавуваат видеа и фотографии од Џеф пред хотелот во кој почина пејачот.

Вознемирен, со матни очи, Џеф накратко им одмавна на обожавателите на Лијам, кои продолжуваат да доаѓаат на местото на смртта на нивниот идол.

Џеф стоел мирно, додека полицијата се обидувала да го заштити од новинарите и фотографите.

Во еден момент, според Sky News, тој се наведнал и ја бакнал фотографијата на својот син.

Претходно беше виден како заминува од друг хотел во градот, придружуван од британски конзуларни службеници и персонал за безбедност.

Аргентинските власти рекоа дека Пејн ја посетил градската мртовечница за да го идентификува својот син пред да се сретне со локалното обвинителство за да организира транспорт на посмртните останки на неговиот син.

Локалните медиуми објавија дека тој ги зел работите на Лијам од хотелот.

Роднините на Пејн во заедничката изјава во четвртокот рекоа дека се „уништени“ од неговата смрт.

-Лијам ќе живее вечно во нашите срца, а ние ќе го паметиме по неговата љубезна, духовита и храбра душа. Ние како семејство се поддржуваме меѓусебно најдобро што можеме и бараме приватност и простор во овој ужасен момент, се наведува во изјавата.

To top