Челси оствари важна победа против Тотенхем во понеделникот навечер, а фановите се надеваат дека натпреварот со многу ВАР прекини може да поврати дел од самодовербата кај играчите на Маурисио Покетино.
„Сините“ дојдоа до клучната предност дури откако имаа двајца фудбалери повеќе на теренот, но тоа не му пречеше на Џон Тери да објави видео на кое ја прославува победата, танцувајќи со својата сопруга.
Тери објасни дека победата на Челси била искомбинирана со текила, а на неговото видео коментирал и Џејмс Мадисон од тимот на Тотенхем.
– Исусе, дали ти беа затворени очите кога бевме 11 против 11 првите петнаесет минути? – праша Мадисон.
– Не грижи се пријателе, ќе се навикнеш, – во свој стил одговори Тери, кој видеото го објави со задоцнување од еден ден.
View this post on Instagram