Иако со децении беше една од најфотографираните жени во светот, кралицата Елизабета II, таа имала мала, многу човечка несигурност.
За разлика од многу познати личности, тоа не била строга забрана или кралско правило, туку лична непријатност што со текот на времето прерасна во интересна анегдота.
Британскиот фотограф Ранкин, кој ја фотографираше кралицата по повод нејзиниот Златен јубилеј во 2002 година, подоцна откри детаљ од снимањето што го изненади во интервјуа и како гостин во подкастот „Tea With Twiggy“. Кога ѝ предложил да позира држејќи меч – симболично, моќно и кралски – Елизабета, според него, го погледнала и едноставно рекла:
„I don’t like my hands.“ (Не ми се допаѓаат рацете.)
Тој откри дека Елизабета Втора, за време на снимањето, на шега рекла дека не ги сака своите раце. Токму затоа не била воодушевена од идејата да држи меч на портретот бидејќи рацете ќе бидат во преден план.
Таа изјава честопати се претворала во тврдење дека кралицата никогаш не дозволила тој дел од нејзиното тело да биде фотографиран, но реалноста е малку поинаква. Рацете на Елизабета се видливи на безброј официјални и неофицијални фотографии – за време на поздравувања, ракувања, носење препознатлива чанта или гестикулирање на јавни настани.
Вистината е дека кралицата, како и многу жени, била самокритична кон сопствениот изглед. Наместо да го крие со правила и забрани, таа го најде решението во класичниот стил по кој беше позната: ракавици, дискретни пози и внимателно одбрани портрети.
Во тоа, можеби повеќе од каде било, може да се види нејзината човечка страна. Зад титулата, круната и строгиот протоколарен лик на Елизабета II, таа остана жена со несигурности кои им се добро познати на многумина – само нејзините се одвиваа пред објективите на целиот свет.