Познати на 60 години

Тајната на исхраната на Моника Белучи по која полудеа жените

Моника Белучи на 60 години има совршена фигура, а во една прилика ја откри тајната на својот беспрекорен изглед.

Тајната на исхраната на Моника Белучи по која полудеа жените

Моника Белучи на 60 години има совршена фигура, а во една прилика ја откри тајната на својот беспрекорен изглед.

Таа истакна дека не практикува вежбање и дека тренинзите не се вклопуваат во нејзиното напорно секојдневие. Сепак, нејзината тајна лежи во пливањето и јогата.

Моника откри дека плива четири пати неделно по 45 минути и е убедена дека тоа е најдобриот начин да се одржи во форма.

„Јас сум како ајкула, постојано сум во движење, морам да го сторам тоа за да преживеам. Понекогаш, сепак, за свое добро жената мора да најде начин да се одмори и да биде мрзелива“, истакна таа.

Познатата актерка не се грижи за својот изглед и смета дека слабоста не е неопходна кога во прашање е убавината.

„Мислам дека тенкоста не е исто што и убавината. Јас сум жена и имам облини. Мрзелива сум, никогаш не одам во теретана. Сакам чоколадо и тестенини и често одам во ресторани со моите пријатели. Не сум опседната со слабоста. Сексапилноста не е секогаш младо и затегнато тело“, изјави таа.

Моника се труди да не се лишува од видовите храна, туку ги ограничува порциите. Благодарение на ова, таа јаде што сака, сѐ додека ја контролира количината.

Пример од нејзиното мени:

Појадок: 150 мл јогурт со парчиња јаболко;

Ручек: 200 гр варено говедско месо, 200 гр зелена салата со лажичка маслиново масло, една кришка пченкарен леб;

Вечера: една чаша бобинки, 150 гр варен ориз со лажица маслиново масло и 50 гр здренка, 150 гр салата од зеленчук и кое било овошје.

To top