Пејачката Драгана Мирковиќ се разведе од Тони Бијелиќ по 24 години брак, а ретко кој знае како изгледала нивната свадба, а особено дека нејзините родители и сестра не биле дел од прославата.
Имено кога таа го запознала Тони била една од најпознатите пејачки во регионот, а тој во Драгана веднаш се заљубила иако израснал во Австрија и не бил упатен во српската естрада.
Тие се венчаа во 2000-та година, а нејзините родители и сестра не присуствуваа на нејзината венчавка во Виена.
-Се венчавме во општината, беше скромна прослава. Беше време на санкции, никој од моето семејство не дојде, бидејќи не можеа да извадат виза. Бидејќи Тони е австриски државјанин од раѓање, просто не можев додека не се венчам за него на документи да ги повлечам моите мајка и татко или сестра и да гарантирам за нив. Не можев за никој да направам виза и поради тоа имав малку гости. Дури и на Тони фамилијата не можеше цела да дојде и поради тоа имавме речиси дваесетина гости. Но, без разлика на се, јас толку многу го сакав него и бев среќна што и тоа ми беше доволно, откри пејачката своевремено за српските медиуми.
Пејачката открила и дека тогаш Тони тогаш живеел во изнајмен стан од 50 квадрати, додека таа живеела во една од најубавите куќи во Белград.
-Имав 32 годни, сакав деца и некој да не е од естрадата. Не избирав ни многу. Покажа дека не сум погрешила, без обѕир на се што било и ќе биде. Со тој човек имам две прекрасни деца, додава Мирковиќ.