Српската пејачка Ана Николиќ доживеала несреќа, а сега на социјалните мрежи се појавија видеа со повреди.
Имено, Ана на 12 април доцна во вечерните часови се снимала во својот автомобил, како што е наведено во видеото, во кое ја покажала раната и крвта на лицето.
– Дали е ова нормално? Ова е хорор филм. Ова Хичкок не може да го измисли. Ајде, најди дедовци, најди ги сите баби и дедовци што постојат на овој свет. Што е ова? Значи, ова не е нормално. Дали знаеш дека потрошив цела ролна тоалетна хартија додека не го запрев крвавењето? Од една мала точка, пукна од сувост. Додека се шминкав, вака само повлеков, не допрев ништо посилно или нешто – истакнала вознемирената Ана, бришејќи ја крвта од своето лице.
Да потсетиме, на почетокот на јули минатата година беше објавено видео на кое се гледаат раните кои Ана Николиќ ги имаше на лицето, а јавноста беше затечена.
Пејачката ги сокри лузните со мрежи и циркони.
– Лузните на лицето се само мал показател за исекотини на душата – напиша тогаш Ана на Инстаграм.