Фолк пејачката Стоја Новаковиќ моментално важи за една од најбараните пејачки на српската, но и балканската сцена.
На социјалните мрежи се појави снимка од нејзин настап на приватна забава, а видеото за кратко време ги раздрма нејзините обожаватели.
Свадбената забава кулминирала кога ги изведувала своите најголеми хитови, а гостите масовно почнале да скандираат и да пеат заедно со неа. И фрлале и лепеле банкноти на Стоја од по 50, 100, па и од 200 евра.
Но, она што ги збуни сите е моментот кога Стоја почнала да плаче, па солзите ги бришела со салфета. И покрај тоа што западнала во емотивна ситуација не го оставила микрофонот и само уште толку ја загреала атмосферата.
maestralno pic.twitter.com/57hSeZxuSI
— siza iz crne gore 🇵🇸 (@nesveti_sisoje) November 7, 2023