Фолк пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина открија дека чекаат девојче.
Дарко наесен ќе добие трето дете, додека тоа е прво бебе на Катарина.
Имено, Катарина сега за прв пат на својот профил на Инстаграм го покажа трудничкиот стомак. Таа позираше во тесен црн фустан под кој се гледаше нејзиниот стомак, а гордата мама не можеше да одолее, туку сподели со сите како изгледа и колку е среќна, додека Дарко и правеше друштво.
Дарко веќе има син и ќерка
Бидејќи ги има ќерката Лорена и синот Алексеј од претходните врски, фолкерот откри како реагирале неговите наследници кога дознале дека ќе добијат сестра.
-Лорена знаеше за тоа одамна и беше пресреќна, обожава деца, а Алексеј беше целиот збунет, тој е уште мал и не знае што се случува, но рече дека би сакал да биде бато, рече Дарко.