Познати

„СОБРАВ ХРАБРОСТ ДА ПОЈДАМ ВО КУЌАТА И ДА ГИ ВИДАМ ТВОИТЕ“: Весна Петрушевска откри што има во собата на Тоше во родното Крушево (ВИДЕО)

„СОБРАВ ХРАБРОСТ ДА ПОЈДАМ ВО КУЌАТА И ДА ГИ ВИДАМ ТВОИТЕ“: Весна Петрушевска откри што има во собата на Тоше во родното Крушево (ВИДЕО)

Денес, 25-ти јануари, Тоше Проески би го прославил својот 43-ти роденден.

На овој ден, многумина се присетуваат на нашата ѕвезда, а Весна Петрушевска сподели и мошне емотивна објава.

Во видео, водителката споила неколку фотографии од Тоше и неа, а во описот откри дека отишла да ги посети неговите родители.

Како што вели, по долги години собрала храброст, а домот сè уште ја потсетувал на него.

„Уметноста без љубов е ништо. Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот. Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина. Ги видов твоите после долги години, собрав храброст и појдов. Сè мириса на тебе, онаа десна врата од собата каде се смеевме, сега е полна со твои слики и има многу топлина. Мајка сè уште ја прави најубавата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан, тоа беа твоите дланки, исти. Однесов за тебе за душа, за роденденот“, напиша актерката на Инстаграм.

Најнови вести од Познати

To top