Познати

Скоро 80 цртежи на Мајкл Џексон одат на наддавање

Скоро 80 цртежи на Мајкл Џексон одат на наддавање

Неколку десетици ликовно-уметнички дела на американскиот поп-пејач Мајкл Џексон ќе бидат понудени на аукција што ќе се одржи на 3 август во Округот Лос Анџелес.

Според најавата, на наддавањето ќе бидат понудени 78 цртежи од починатиот „крал на поп-музиката“. Секој цртеж е потпишан од него, па така, „тој ќе им даде на победниците на аукцијата парче од историјата на иконата и поп-музиката“, се наведува.

Од аукциската куќа „Кингс окшнс“ соопштија дека метото на наддавањето ќе биде објавено подоцна, но најверојатно, тоа ќе биде некаде во градот Беверли Хилс.

To top