Во пресрет на утрешната премиера на филмот „Недела“, јавноста не престанува да зборува за легендарниот Џеј Рамадановски, по чиј живот се базираше филмот.
Неговите пријатели и колеги од естрадата секојдневно во медиумите зборуваат за Џеј, а Саша Матиќ во една прилика откри дека многу луѓе му свртеле грб на покојниот пејач кога останал без пари.
-Речиси сите го напуштија Џеј кога тој немаше повеќе пари. Со него останаа само неговите пријатели – Миќа Совтиќ, Ацо Пејовиќ, Аца Лукас и јас. Беше толку дарежлив, што кој и да му побараше нешто на улица, од него добиваше најмалку 100 евра, откри Саша Матиќ за Информер по смртта на Џеј.