Разводот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ го собра медиумското внимание деновиве наназад, а откако бизнисменот си го врати профилот на Инстаграм е откриено многу повеќе за нивните семејни односи, поточно односот со децата.
Имено Тони во еден момент ги угасна сите социјални мрежи, а сега во врати својот Инстаграм профил, по што јавноста остана шокирана од еден детаљ кој го открија медиумите во соседна Србија.
Тој ја одследил својата поранешна сопруга, а ги следи своите две деца, синот Марко и ќерката Мануела, но сепак синот не го следи него.
Ова доведува до сомнеж каков е навистина нивниот однос откако пејачката искрено соопшти дека се разведува од сопругот и дека тој веќе живее со друга жена.