Вдовицата на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера Балашевиќ, со најновата објава ги загрижи своите следбеници.
Оливера објави фотографии на кои лицето и е отечено, а во таа прилика ја откри и причината.
Имено, како што изјавила, имала интервенција на забите, па отокот е составен дел од закрепнувањето.
-Пред да ме спомнат во своите злонамерни претпоставки, имав интервенција на забите што може да оди заедно со ваков оток, напишала Оливера.