Познати Битка за старателство

Северина не го дава синот на неговиот татко: Одлуката на судот се темели на негрижа за образование и здравје

Врховниот суд одлучил старателството над нивниот малолетен син Александар целосно да му се врати на таткото на детето.

Северина не го дава синот на неговиот татко: Одлуката на судот се темели на негрижа за образование и здравје

На пејачката Северина Вучковиќ и е одземено старателството над синот Александар, кој го доби во брак со бизнисменот Милан Поповиќ.

Како што пишува српска „Република“, пејачката вчера требаше да му го предаде синот на Милан, но не го направи тоа, исто како и денеска.

-Ова што сега го прави Северина е токму причината за пресудата против неа, дека му го крати правото на образование и грижата за здравјето на детето затоа што не го носела на училиште 46 дена, тврди извор за Република кој е запознаен со случајот на пејачката.

Беше оценето дека таа не води грижа за образованието на детето бидејќи често го носела на нејзини настапи и патувања наместо во училиште, но според одлуката, таа не се грижела ниту за неговото здравје.

-Сепак, пресудно за ваквите одлуки беше фактот што Северина не сакаше да дозволи дете на таа возраст, во трето одделение од основно училиште, да оди на психотерапија, што беше препорачано од експерти, со што се согласи таткото Милан Поповиќ, рече изворот.

Северина Вучковиќ ја загуби правната битка за старателството над синот Александар. Како што пренесуваат хрватските медиуми, Врховниот суд одлучил старателството над нивниот малолетен син Александар целосно да му се врати на таткото на детето.

Најнови вести од Познати

To top