Селена Гомез официјално им се придружи на милијардерите, по долги години на јавната сцена и неколку обиди за успешни бизниси.
Таа вреди неверојатни 1,3 трилиони, а оваа цел успешно ја постигна благодарение на нејзината линија „Rare Beauty“ која ја започна во 2019 година.
Секако, голема благодарност и припишува на својата пејачка и актерска кариера која ја гради уште од мала. Овој голем успех може да се припише најмногу на една личност – на себе.
Но, Селена е вистински пример дека со работа и труд жената може да се изгради себеси без некој да и го припишува богатството на нејзиниот партнер или сопруг.
Нејзиниот бизнис доживеа голем успех на светскиот пазар, а и самата не бега од рекламирање, како што неколку пати имавме можност да видиме во нејзините видеа каде ја покажува својата рутина за убавина.
„Таа не е само поп-ѕвезда. Таа е деловна жена, која трпеливо го гради својот успех“, вели маркетинг експертот Стејси Џонс, пишува „Page Six“.
Сега, Селена им се придружи на индивидуалните колешки од големата сцена, но и нејзината најдобра пријателка Тејлор Свифт, која исто така е пример за успехот и славата на жената која самата си создава кариера.