Познати Сам, но богат

Се разведе Аријана Гранде: На поранешниот сопруг треба да му исплати огромна сума пари

Финализирањето на разводот на Аријана Гранде и Далтон Гомез го означува крајот на едно поглавје за поранешната двојка бидејќи и двајцата продолжуваат во личниот живот и кариерата.

Се разведе Аријана Гранде: На поранешниот сопруг треба да му исплати огромна сума пари

Аријана Гранде и нејзиниот поранешен сопруг Далтон Гомез официјално го финализираа својот развод, како што објави Асошиетед прес.

Двегодишниот брак заврши во вторникот со одлука на Врховниот суд во Лос Анџелес. Договорот за развод, постигнат во октомври 2023 година, сега стапи на сила по задолжителен период на чекање од шест месеци. Гранде се согласила да му плати на својот поранешен сопруг еднократно сума од 1,25 милиони долари. Дополнително, се согласила даму даде на Гомез половина од приходите од продажбата на нивниот дом во Лос Анџелес. Ќе ги покрие и неговите правни трошоци од 25.000 долари.

Претходно беше потврдено дека Гранде и Гомез потпишале предбрачен договор. Двојката се запозна во 2020 година и ја потврди својата врска неколку месеци подоцна во спотот на Џастин Бибер за „Stuck With U“. Тие се верија во декември истата година и се венчаа во 2021 година.

Недолго по финализирањето на разводот, Аријана Гранде започна врска со нејзиниот колега Итан Слејтер, кој неодамна се разведе од сопругата Лили Џеј, со која минатата година доби син.

Финализирањето на разводот на Аријана Гранде и Далтон Гомез го означува крајот на едно поглавје за поранешната двојка бидејќи и двајцата продолжуваат во личниот живот и кариерата.

To top