Водителката Мина Наумовиќ Амиџиќ, сопруга на едно од најпопуларните ТВ лица на нашите простори, Огнен Амиџиќ, се породи на 9-ти март во раните утрински часови и на свет донесе здраво момче.
Бебето гордите родители решија да го крстат Перун.
Мина е породена со царски рез, а породувањето поминало максимално лесно.
Мина сега се огласи за Пинк.рс, првпат откако стана мајка на својот син.
-Со бебето сме одлично, фала на прашањето, се помина добро. Нашето бебе доби совршена десетка, а јас се чувствувам како веќе да можам да трчам, изјави Мина за Пинк.