Познати Уште се чека причината за смртта

Се огласи семејството на Метју Пери: Исполнета е неговата НАЈГОЛЕМА ЖЕЛБА, по неговата смрт!

Семејството на Пери во ексклузивно изјави за People рече дека Фондацијата ќе биде клучен начин за нив да му оддадат почит на Метју.

Се огласи семејството на Метју Пери: Исполнета е неговата НАЈГОЛЕМА ЖЕЛБА, по неговата смрт!

Еден месец по смртта на Метју Пери, неговото семејство повторно се огласи. Тие ја истакнаа нивната важна цел да и оддадат почит на холивудската ѕвезда.

Познатиот актер почина на 28-ми октомври во Лос Анџелес. Се чекаат резултатите од токсиколошките тестови за да се утврди причината за смртта. Семејството на Метју Пери е насочено кон Фондацијата именувана по актерот, која беше основана на 3-ти ноември. Тие се надеваат дека ова здружение ќе им помогне на многумина кои се борат со зависности.

Семејството на Пери во ексклузивно изјави за People рече дека Фондацијата ќе биде клучен начин за нив да му оддадат почит на Метју.

„Важно ни е како семејство да го почитуваме наследството на Метју. Можноста која Фондацијата Метју Пери ја има да им помогне на оние кои се борат со зависноста е нешто што сме горди да го споделиме со светот“.

Очувот на Метју Пери, Кит Морисон, ги повика сите да и помогнат на Фондацијата во остварувањето на нејзината важна цел.

Метју Пери со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол и јавно зборуваше за тоа, а значителен дел од неговите мемоари од 2022 година се занимаваат токму со овие теми. Тој исто така рече дека би сакал да основа фондација, која е основана по неговата смрт.

Најнови вести од Познати

To top