Познати

СЕ ОДВИКНУВАШЕ ОД АЛКОХОЛОТ ВО КЛИНИКА, А СЕГА ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА – старлетата преку фотографии со голите гради ќе ги мами гласачите

СЕ ОДВИКНУВАШЕ ОД АЛКОХОЛОТ ВО КЛИНИКА, А СЕГА ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА – старлетата преку фотографии со голите гради ќе ги мами гласачите

Хрватската старлета Ава Карабатиќ ги извести своите следбеници на социјалните мрежи дека ќе се кандидира на парламентарните избори во Хрватска.

„Почитувани граѓани/избирачи на Република Хрватска, со гордост објавувам дека се одлучив да се впуштам во политичката сцена и да се кандидирам на парламентарните избори. Искреноста од секогаш ми била позитивна страна, затоа и победував во реалните шоуа, а така и со вас споделив зошто бев подолг период во медиумска илегала. За луѓето кој не знаат зад мене беше долг период со добрата со алкохолот, бев на одвикнување и не се срамам од тоа. Не крадев, не нанесов на никого штета, туку сама на себе. Веќе цели седум месеци не сум ставила какпка алкохол во себе и се чувствувам одлично, полна со енергија, а за себе накратко ќе речам дека сум ренесанса, провокативна жена со барокни способности и романтични погледи и козмички слободна“, напиша таа.

Таа открила дека собира и потписи за кандидатура за претседателските избори како и парламентарните и дека зад себе нема некој кој ќе ја гура во политиката, па мора тоа да го прави сама.

„И оваа година се борам сама без политички странски зад мене, а мојата страст не ослабела, туку доби на сила оваа година кон она што сум го наумила. Сакам да соберам гласови за да се соочам со политичарите и без влакна на јазикот да им го кажам тоа што го имам на ум“, вели таа.

Најнови вести од Познати

To top