Пејачката Марија Шерифовиќ ги разнежни своите бројни следбеници со својата нова објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа денеска наполни 40 години, што ја инспирираше да се наврати на сите години кои се зад неа, а не криеше дека ја остварила најголемата животна желба. Секако, станува збор за синот Марио.
-Четириесет години… Патување исполнето со предизвици и победи! Секоја година ми даваше нешто скапоцено – лекции, љубов, сила, а понекогаш и тишина што ме потсети колку е важно да застанам и да бидам благодарна, но најголемиот подарок што можеше да ми го даде животот е – мојот син. Моето сонце и најубавите зраци. Моите мали Прц и принц. Мојот мал учител. Тој е причината зошто секој момент добива длабока смисла. Му благодарам на животот за сите искуства, за сите луѓе кои поминаа низ мојот свет, за секој момент што ме обликуваше. Оние кои го сочинуваат мојот живот денес се сè што ми треба. Нека следните четири децении бидат уште подлабоки и уште поблиску до она што навистина значи да се живее. На секој чекор, со благодарност во срцето, изјави Марија.
View this post on Instagram