Сопругата на контроверзниот рапер Канје Вест, Бјанка Ценсори, прошета на многу шокантен начин низ улиците на Париз.
29-годишната Бјанка не се ни обидела да ги скрие интимните делови додека излегувала од возилото и се движела по тротоарот во проѕирни гаќички. Беше многу јасно дека не носи долна облека. Таа, исто така, се чини дека немаше блуза или кошула под бундата што ја носеше.
Бјанка решила да го задржи природниот изглед, па немала ни шминка на лицето, а црната коса ја измазнила со гел.
46-годишниот Канје внимателно ја следел својата речиси гола сопруга заедно со нивниот тим за обезбедување. За разлика од сопругата, раперот беше целосно покриен, секако со црни парчиња од кои во последно време не се откажува, а имаше и пар црни ракавици.
Kanye’s Wife Bianca Censori Shows Bare Vagina During Paris Fashion Week#kanyewest #biancacensori #celebritynews pic.twitter.com/vOrctAkxnn
— American Celebrity News (@acnofficial) February 28, 2024
Излетот на Бјанка без градник дојде само еден ден откако таа беше „дежурна маќеа“ и уживаше во Париз со 10-годишната ќерка на Канје, Норт Вест. По тој повод конечно нормално се облече.
Инаку, Канје има четири деца со поранешната сопруга Ким Кардашијан (43) – споменатата ќерка Норт, синовите Сент (8) и Псалм (4) и ќерката Чикаго (6). Извори блиски до поранешната двојка неодамна изјавија за Дејли Меил дека Ким го предупредила нејзиниот поранешен сопруг да и каже на Бјанка да се „покрие“ кога е околу нивните деца. Се шпекулира дека Ким и Бјанка имаат „пријателска“ врска, но оваа „ризична“ мода пред децата стана проблем за Кардашијан.
-Ким му наложи на Канје никогаш да не дозволи Бјанка да се облекува така околу нивните деца. Навистина е изненадена што Канје би ја оставил сопругата така да ја напушти куќата, рекол извор за Дејли Мејл.
Се чини дека Бјанка ја доби пораката бидејќи го ублажи својот стил додека беше во присуство на децата. Но, тоа траеше само еден ден.
Bianca Censori shocks with X-rated look in Paris: Kanye West’s wife wears NO UNDERWEAR with sheer stockings in her most explicit outfit yet https://t.co/Z5LJ0OugeQ
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) February 28, 2024