Познати

Раперот се соочува со ново обвинение: Давел манекенка и и’ ставал прсти во уста?

Според тужбата против раперот Канје Вест, тој „давел“ манекенка по снимање на спот.

Раперот се соочува со ново обвинение: Давел манекенка и и’ ставал прсти во уста?

Раперот Канје Вест е обвинет за сексуален напад и давење манекенка.

Според тужбата против раперот Канје Вест, тој „давел“ манекенка по снимање на спот.

„Музичарот ги ставал прстите во устата на жртвата во хотелот „Челзи“ во Њујорк во 2010 година, објави американската партнерска мрежа на Скај њуз – NBC News.

Манекенката која го започна случајот всушност била актерка во видеото. Според странските медиуми, таа бара отштета и казна за 47-годишниот рапер.

Во тужбата се наведува дека по снимањето на видеото, раперот и наредил на манекенката да седне на стол.

Потоа продолжил да „имитира принуден орален секс“ со рацете, а раперот наводно викал:

„Ова е женска уметност, јас сум како Пикасо“.

Полициската управа на Њујорк објави дека „крајно сериозно ги сфаќа случаите на сексуален напад и силување и ги повикува сите жртви да го пријават насилството“.

„Сето тоа за да можеме да спроведеме сеопфатна истрага и да им понудиме поддршка на жртвите“, се вели во соопштението.

Џеси Вајнштајн, адвокат кој го застапува моделот, рече дека жената „покажала голема храброст да зборува против некои од најмоќните луѓе во забавната индустрија“.

Раперот се уште не се огласил.

To top