Актерот Милош Биковиќ, кој доби син со избраничката Ивана Малиќ, пред неколку години купи имот во едно село во Србија.
Овој имот се наоѓа во близина на Ваљево, кој е оддалечен 40 километри од манастирот Јованја, каде што неговиот постар брат монах Миахило е старешина.
Бидејќи имотот бил прилично запоставен во моментот кога го купил, актерот прво морал да го исчисти и да го прилагоди за нормално функционирање.
– Тука, позади, имаше и стара земјена куќа која сакав да ја спасам, но немаше помош, беше целосно искривена и за жал, беше подобро да ја срушам, отколку да се урне кога таа ќе посака – рече Биковиќ своевремено кога гостуваше во Тв емисијата „ТВ лица како и целиот нормален свет“.
Причината поради која го купил имотот на ова место е затоа што манастирот во кој живее неговиот брат Михаило е многу блиску:
– Релативно е блиску до манастирот на брат ми и има некои пријатели што ги познава овде, кои дознале дека овој имот се продава и ми јавија. Јас тогаш реков: „О, чекај, ова е блиску до Белград, можам да бидам таму за помалку од еден час“, а понудата исто така беше добра. А всушност сега почесто се гледаме кај него во манастирот или во Белград. Можеби еднаш бевме заедно овде – рекол актерот.
Биковиќ потоа покажа како изгледа неговата новоизградена викендица, и дека решил таму да го задржи стариот мебел што го нашол. Откри и дека наполнил голема дупка со шут, а поради змиите кои ги имало многу, посипал и хлор.