Познати

ПУКНА ТИКВАТА: Џенифер Лопез и Бен Афлек веќе не живеат заедно

Џенифер Лопез и Бен Афлек, за кои се шират гласини дека се на работ на разделба, деновиве живеат одвоено, изјави неименуван извор за порталот „ЕТ“.

ПУКНА ТИКВАТА: Џенифер Лопез и Бен Афлек веќе не живеат заедно

Џенифер Лопез и Бен Афлек, за кои се шират гласини дека се на работ на разделба, деновиве живеат одвоено, изјави неименуван извор за порталот „ЕТ“.

Имено, според наводите, парот „официјално, сè уште не се разделени“, но моментно се насочени кон сопствените работни обврски. „Кога повторно почнаа да излегуваат, имаа големи надежи дека вториот пат ќе им успее. За жал, работите не одеа баш така“, додаде изворот.

Неодамна беше откриено дека Бен и Џенифер продале и својата семејна куќа во Беверли Хилс – само една година откако ја купија. Афлек сега живее во куќа во Брентвуд, а Лопез бара ново живеалиште, па „во меѓувреме престојува кај мајка сѝ и нејзините сестри“, според наводите.

Претходно пејачката ја откажа и турнејата „This Is Me“. Причина: „Да минува време со своите деца, семејството и блиските пријатели“.

Бен, пак, „е многу тажен поради состојбава и претпочита да работи за да не размислува за тоа и сè повеќе време поминува со пријателите, кои му се голема поддршка“, изјави неименуван пријател за „Пејџ сикс“.

Ова е втор, се чини – неуспешен обид на Џенифер и Бен. Во првите години на ова столетие, парот ја прекина првата свршувачка, а во 2021 година ја продолжија врската и се венчаа во Лас Вегас.

To top