Брајан Танака (40) на социјалните мрежи објави дека тој и пејачката Мараја Кери (54) раскинале.
Иако веќе се шпекулираше за крај на седумгодишната врска, овој танчер и режисер сега тоа го потврди.
-Нашата одлука да одиме по својот пат е заедничка. И додека одиме по својот пат, тоа го правиме со почит и благодарност за целото време што го поминавме заедно, објасни Танака, додавајќи дека засекогаш ќе ги чува во срцето среќните спомени и заедничките достигнувања.
View this post on Instagram
Тој напиша и убави зборови за пејачката, наведувајќи дека нејзината посветеност на децата и семејството е инспиративна.
-Би сакал да ја изразам мојата љубов и почит кон неа, како и кон нејзините неверојатни деца, чија топлина го збогати мојот живот на начин што не може да се опише со зборови, рече тој.
Тој ги замоли сите за разбирање и приватност и им се заблагодари на своите фанови кои, како што вели, му даваат сила.