Познати

Принцезата Шарлот го слави 9-тиот роденден: Кејт и Вилијам споделија слатка фотографија од ќерката

Принцезата Шарлот го слави 9-тиот роденден: Кејт и Вилијам споделија слатка фотографија од ќерката

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам споделија нова фотографија од нивната ќерка принцезата Шарлот по повод нејзиниот 9-ти роденден.

– Среќен 9-ти роденден, принцезo Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес, напишаа принцот и принцезата од Велс на слика споделена на X и Инстаграм.

На фотографијата се гледа како принцезата Шарлот се смешка додека позира во дворот. Сликата е направена од принцезата од Велс.

Инаку, малкумина во британското кралско семејство наликуваат на своите роднини како што е случајот со принцезата Шарлот, која неверојатно личи на нејзината прабаба Елизабета Втора.

Иако не се знае многу за Шарлот – која е трета по редот за тронот – нејзината мајка еднаш ја опиша како „таа е главна“.

Ова беше особено видливо на погребот на кралицата Елизабета Втора во септември 2022 година, кога Шарлот го потсетуваше принцот Џорџ – нејзиниот постар брат – да се поклони на ковчегот. Таа го држеше под контрола и нејзиниот помлад брат принцот Луис за време на церемонијата „Trooping The Color“ кога ја стави раката над неговата за да го смири.

Инаку, специјалниот ден на Шарлот е само една недела по роденденот на нејзиниот помал брат, принцот Луис, кој штотуку го прослави шестиот роденден. Вилијам (41) и Мидлтон го имаат и синот, принцот Џорџ, кој на 22 јули ќе наполни 11 години.

Најнови вести од Познати

To top